Европската комисија дозволи Peugeot да го преземе Opel

48

psa

Фото: Facebook

Европската комисија го одобри преземањето на германската компанија Opel од страна на француската автомобилска компанија Peugeot PSA, пишува Deutsche Welle.

Оваа голема аквизиција ќе овозможи PSA да биде вториот најголем производител на автомобили во Европа со пазарен удел од 17%. Во март годинава PSA се согласи да го купи Opel од General Motors за 2,2 милијарди евра.

Европската комисија безусловно го одобри купувањето на Opel од Peugeot, според регулативата за спојување во ЕУ и соопшти дека не постои загриженост во поглед на пазарната конкуренција.

Француската групација PSA Group, во чија сопственост се автомобилските брендови Peugeot и Citroen, постигна договор за преземање на брендовите Opel и Vauxhall на американската компанија General Motors за 1,3 милијарди евра.

Opel и Vauxhall имаат вработено околу 35.000 работници во десет фабрики низ Европа.