Европските берзи “живнаа“ по историскиот договор на ЕУ

116

Индексите на европските берзи се зголемија утрово, откако лидерите на Европската унија постигнаа историски договор за закрепнување на нивните економии погодени од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Претседавачот на самитот и претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел, напиша на Twitter, “Договор“, утринава во 3:15 часот по централноевропско време, набргу откако 27-те лидери конечно постигнаа договор на пленарната сесија, пренесува Reuters.

Европскиот индекс за фјучерси Euro Stoxx 50 порасна за 0,5% додека германскиот Dax и лондонскиот FTSE, односно тамошните индекси за терминските договори пораснаа за 0,7 и 0,4%.

Покрај тоа, надежите за постигнување на европски договор и позитивните податоци од голем број на компании – кандидати за пронаоѓање вакцина против Ковид-19 го поттикнаа порастот на европскиот индекс Stoxx 600 во понеделникот, додаде британската агенција.

Фото: Freepik