Евтини авиолетови до Париз, Брисел и Франкфурт

47

wizzair-skopje-2013-1-659x439_20131124154145Од почетокот на април наредната година, со авиокомпанијата Визер македонските граѓани ќе можат да летаат на уште три нови дестинации Париз, Брисел и Франкфурт, најави премиерот Никола Груевски.

“Покрај веќе постоечките девет евтини авиолинии, со Визер договоривме уште три нови линии на кои граѓаните на Македонија ќе можат да летаат по цени почнувајќи од 1.500 денари”, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на регионалниот пат Кавадарци-Мушовгроб.

Тој истакна дека Владата е во преговори и со друга позната нискобуџетна авиокомпанија за отворање на уште три нови евтини авиолинии до други дестинации во Европа.

Премиерот додаде дека доколку преговорите успешно завршат, во текот на наредната година ќе се отворат уште три дополнителни евтини авиолинии.

Владата го субвенционира авиопревозникот Визер со по осум евра по патник. Оваа година за нискобуџетните авиокомпании Владата доделуваше по девет евра за секој патник, за следната цената на субвенцијата ќе биде осум евра.