Facebook ги забрани пластичните шишиња во своите канцеларии

49

Технолошкиот гигант Facebook забрани употреба на пластични шишиња во сите свои нови канцеларии. Наместо тоа, компанијата за вработените ќе инсталира “станици“ за полнење на вода.

Facebook е една од најголемите компании што донела ваква забрана, пишува CNN. И други компании, продавници, сали за вежбање ги имаат забрането пластичните шишиња, заменувајќи ги со алуминиумски, стаклени или картонски варијанти.

Новите кафетерии на Facebook, исто така, ќе нудат вода “на полнење“, како и главните канцеларии во Менло Парк, новите простории во Чикаго, Остин и Лос Анџелес.

Фото: Pixabay