Facebook изгуби повеќе од 80 милијарди долари

45

facebook-login-office-laptop-business-162622

Фото: Pexels

Од 16-ти март до сега, акциите на Facebook паднаа за 18%, па така компанијата изгуби околу 80 милијарди долари од пазарната вредност, пренесува CNN. Нето вредноста на Цукерберг падна за околу 14 милијарди долари, но сепак, тој се уште вреди 61 милијарда долари.

Инвеститорите се загрижени дека Facebook, Google и Twitter може да се соочат со построги регулативи во САД и во целиот свет поради скандалот со компанијата Cambridge Analytica.

Ако тоа се случи, растот за сите три компании ќе стагнира, особено на Facebook. Инвеститорите, исто така, се загрижени дека корисниците можат да ги напуштат овие компании поради загриженоста за приватноста.

Facebook имал повеќе од две милијарди корисници пред скандалот, а на берзата вредел повеќе од 500 милијарди долари.