Компанијата Факом во првото полугодие од 2017 година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 2.417.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период претходната година, компанијата евидентираше добивка од 734.000 денари.
“Компанијата заклучно со 30.06.2017 година искажа позитивен финансиски резултат од 2.417.000 денари како резултат на намалени трошоци на производство“, стои во Образложението кон билансот на успех.
Вкупните приходи од продажба во периодот јануари – јуни оваа година изнесуваат 602.913.000 денари. Од нив на домашен пазар отпаѓаат 121.781.000 денари, додека реализацијата на пазари во странство достигна 481.132.000 денари.
Основна дејност на компанијата е проектирање, производство и монтажа на челична конструкција и делови на конструкции, сите видови на заварени носачи и изградба и монтажа на опрема за капитални индустриски и термоенергетски објекти.