ФЕИТ отвора Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ

65

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј утре во 11 часот на ФЕИТ (кампус технички факултети, населба Карпош).ќе го отвори Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ.

На отворањето ќе се обратат професор д-р Димитар Ташковски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии, професор д-р Рената Дескоска, министер за образование и наука и професор д-р Никола Јанкулоски, ректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

ИНОФЕИТ е замислен како место за интеракција помеѓу кадарот на ФЕИТ, студентите на ФЕИТ и индустриските партнери што треба да овозможи конекции и трансфер на технологии и нови иновативни идеи што треба да го помогнат економскиот раст на секторот и општеството во целина. Центарот е дел од напорите на ФЕИТ за приближување на академското образование и практичната експертиза и подготовка на своите студенти за подобро справување со предизвиците во индустријата.