ФЕИТ со работилница за Технологии за третирање на храната со јонизирачко зрачење

40

Факултетот за електротехника и информациски технологии утре организира работилница на тема Технологии за третирање на храната со јонизирачко зрачење.

Предавањe на тема Технологии за зрачење, нивна комерцијална примена и третирање на храната со јонизирачко зрачење, ќе одржи Yves M. Henon, експерт на МААЕ.

Henon повеќе од 20 години работи во МААЕ како ескперт за примена на јонизирачко зрачење на храната и стерилизација на медицински материјали. Во областа на јонизирачко зрачење работи од 1980 година во Лабораторијата за третирање на храна со јонизирачко зрачење при Француската Комисија за атомска енергија. Од 1987 година е ангажиран од повеќе индустриски гиганти за изградба и раководење на големи повеќенаменски постројки за јонизирачкото зрачење и медицинска стерилизација во Европа и Азија. Од 2006 Henon како консултант е вклучен во повеќе проекти од оваа област.