Фото: Pixabay
Фластери што лесно и безболно се ставаат на кожата, во иднина би можеле да ги заменат инјекциите, пишува BBC.
Овие иновативни фластери, коишто поминаа повеќе тестови за безбедност, би можеле да го олеснат ставањето на инјекции и тој процес да го направат безболен и едноставен. Фластерот содржи минијатурни игли, коишто безболно ја пробиваат кожата.
Креатори на овие фластери се научници од Универзитетот Emory и Институтот за технологија на Џорџија, а нивното истражување го финансира Американскиот здравствен институт.
За да почне масовна примена на овие фластери, неопходни се уште клинички испитувања во следните неколку години.