Фотосторија: Прв мини саем на ЦЕЕД Бизнис клуб

119

16

ЦЕЕД бизнис клубот вчера го организираше својот прв Мини саем. Компании кои се дел од клубот, во инспиративна атмосфера ги претставија своите производи и услуги, разменуваа искуства и контакти, се дегустираше храна, а сето тоа беше проследено со убава музика и Златен Даб.

1

2

3

4

ЦЕЕД Мини саемот беше специјално дизајниран со цел на едно место да се направи промоција на новитетите на компаниите и меѓусебно вмрежување.

5

6

7

Мини саемот се одржа во ЦЕЕД Хаб Скопје, како дел од програмата на бесплатен месец на коворкинг.

8

9

10

13

ЦЕЕД Македонија веќе десет години игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни, а ЦЕЕД Бизнис клубот е најдоброто место за личен и деловен развој. Целта на ЦЕЕД е да креира заедница на претприемачи и да ги поддржи менаџерите и нивните тимови во растот на бизнисите. Нашите главни услуги вклучуваат настани за градење на капацитетите кои се фокусирани на практични знаења надополнети со размена на искуства и бизнис советување од успешни локални бизнис лидери, пристап до финансии и силна регионална и меѓународна мрежа. Во текот на десет години од постоењето, ЦЕЕД Македонија успеа да се позиционира на македонскиот пазар како единствен и иновативен давател на услуги за бизнис поддршка кој дизајнира и имплементира менаџерски, лидерски и програми за развој на личните вештини и нуди консултантски услуги.

11

14

17

12

15

logoa