Франција минатата година од извоз на електрична енергија заработи 4,2 милијарди долари. На второ место по извоз на струја се најде Германија со 3,8 милијарди долари, додека трета е Канада со извоз од 2,3 милијарди долари.
На регионално ниво, Словенија е 13-та со извоз на струја во висина од 777 милиони долари, Бугарија е 23-та со извоз од 347 милиони долари, додека зад нејзе е Бугарија со извоз од 340 милиони долари.
Хрватска лани извезе струја во вредност од 307 милиони долари, додека Грција е 30-та во светски рамки со извоз од 249 милиони долари. Србија е 43-та со извоз на струја од 90 милиони долари, Албанија е девет места подолу со извоз вреден 54 милиони долари, додека Македонија е 60-та со извоз од скоро 40 милиони долари.
На дното на листата од 85 земји се најдоа: Есватини (8.000 долари), Руанда (345.000 долари) и Монголија (350.000 долари).
Фото: Pixabay