Француски милијардер ќе донира 200 милиони евра за Богородичната црква во Париз

50

Францускиот милијардер и бизнисмен, Бернард Арно и неговата групација LVMH, којашто го вклучува луксузниот бренд Louis Vuitton, ќе донира 200 милиони евра за обновување на Богородичната црква во Париз.

Монументалната градба, којашто датира од 12-от век, вчера ја зафати катастрофален пожар, пишува Reuters. Нотр Дам беше дел од готската архитектура во француската метропола и едно од најголемите обележја на Париз, секојдневно посетувано од илјадници туристи од целиот свет.

Донацијата на Арно следува по донацијата на уште еден француски бизнисмен Франсоа Анри Пино од компанијата Kering, којшто одвои 100 милиони евра за Богородичната црква.

Објектот во овој момент е во фаза на реновирање, чија вредност е 180 милиони долари, за да се поправи штетата од изминатите години и векови, но сега се наоѓа во уште полоша состојба поради пожарот.

Фото: Pixabay