Галеб, бродот на Тито, оди под концесија на 30 години

96

galeb

Бродот на Тито, Галеб, кој стои врзан во пристаништето во Риека, оди под концесија на 30 години. Како што најавуваат од Град Риека, во текот на септември би требало да биде распишан повик за собирање на понуди, пишува Јутарњи лист.

Од 4.500 квадрати корисна површина на бродот, под концесија ќе се дадат 3.500 метри квадратни, од кои 3.000 ќе можат да се користат за комерцијални потреби, а 500 квадрати мора да останат за музејски простор. Од градот очекуваат дека ова би можело да им биде интересно на претприемачите, затоа што комерцијалниот простор концесионерот ќе може да го користи за сместување, угостителски, конгресни и рекреациски содржини.

Проценетата вредност на концесијата изнесува 10,3 милиони евра.

Бродот Галеб е изграден во Италија во 1936 година за превоз на тропско овошје. За време на Втората светска војна е пренаменет во воен брод. Во 1944 година е потопен во риечкото пристаниште, а од морето е извлечен во 1948 и реконструиран во школски брод на Југословенската воена морнарица. Од 1953 до 1979 беше пловечка резиденција на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито. Град Риека го купи во 2009 година.