General Motors и Samsung SDI инвестираат во заедничка фабрика за батерии за ЕВ

61

Американскиот производител General Motors (GM) и јужнокорејскиот производител на батерии Samsung SDI ќе градат заедничка фабрика во САД за батерии за електрични автомобили. Заедно во проектот ќе инвестираат околу 3,5 милијарди долари.

Како што јави германската прес-агенција dpa, сериското производство во новата фабрика за батериски ќелии, која ќе биде изградена во градот Њу Карлајл во американската сојузна држава Индијана, треба да започне во 2027 година.

Фабриката, наводно, ќе произведува призматични батерии богати со никел со висок капацитет, кои ќе се користат во претстојните електрични возила на GM.

Според Samsung, фабриката ќе отвори повеќе од 1.600 работни места и ќе ја поддржи локалната економија.