Започнувајќи со само двајца вработени во 2003-та година, ГеоНет ги постави темелите на својот бизнис којшто година за година бележи успеси и подеми. Првите клиенти беа истовремено и пионери, корисници, кои користејќи ја платформата за следење и менаџирање на возила истовремено го тестираа софтверското решение.
Со тоа темпо ГеоНет продолжува и денес. Сите сугестии и предлози од страна на корисниците континуирано се земаат во предвид и се имплементираат во секоја надградба на платформата, па секој раст на клиентите е раст на ГеоНет и обратно, со растот на ГеоНет се зголемува растот и ефикасноста во работењето на клиентите.
Преку 2.000 компании од најразлични индустрии (транспорт, дистрибуција, градежништво, рударство, превоз на патници …) ги користат услугите на ГеоНет, а освен во Македоија ГеоНет своите улуги успешно ги пласира и на Балканот, во САД, Кенија итн.
“Сите компании што се сериозни во менаџирањето на своите флоти и имаат потреба од планирање на процесите неминовно би требало да инвестираат во една ваква платформа”, велат од ГеоНет.
Бенефити за компаниите од користењето на софтверското решение се големи во делот на намалување на трошоци на гориво, трошоци за оддржување и подобро искористување на возилата со подобра оптимизација.
“Нашите планови се услугите да ги направиме подостапни за што поголем број на корисници како дома така и во светот. Затоа по повод нашиот 15-ти роденден, одлучивме на сите потенцијални клиенти да им овозможиме да ги користат нашите услуги почнувајќи од основниот пакет за само 99 денари месечно“, вели Тоде Буцевски, основач на ГеоНет.
Роденденската акција ќе трае до крајот на месец мај, а за повеќе информации посете го следниот линк gps.mk/jubilej.