Германија прави историски чекор со носење на одлука којашто подразбира дека Управен одбор со повеќе од три членови, 30% треба да бидат жени, пишува Гардијан.
Според новиот закон, 30% од членовите на одборите во компаниите, во коишто владата има мнозински удел, мора да бидат жени. Се верува дека овој закон ќе биде голем успех за жените во Германија, бидејќи им се нуди голема шанса, не само на нив, туку и на компаниите и на општеството како целина.
“Ова е историска пресвртница. Даваме пример за одржливо и модерно општество. Го користиме целиот потенцијал на нашата земја за да може тимовите да бидат успешни“, вели Франциска Фиги, германска сојузна министерка.
Германија има доброволен систем за жени во одборите од 2015-та година, но досега не дал големи резултати. Неодамнешно истражување покажало дека жените чинат 12,8% од управните одбори на 30 најголеми компании во Германија, во споредба со 28,6% во САД, 24,5% во Велика Британија и 22,2% во Франција.
Исто така, утврдено е дека бројот на жени на високи раководни позиции е намален на 23% во септември оваа година, во однос на 29% една година претходно.
Фото: Freepik