Германски RWE ќе нуди поевтина струја на хрватскиот пазар

73

RWERWE Хрватска, филијала на германската групација RWE, ја заврши аквизицијата на компанијата Енергија 2 Системи и стана нејзин 100% сопственик. Со тоа влезе на хрватскиот пазар за снабдување со енергија, јавуваат хрватските медиуми.

Компанијата ќе оперира под брендот RWE Енергија, а електричната енергија ќе ја нуди на сите стопански објекти, вклучувајќи ги и домаќинствата. Според членовите на управата на RWE Хрватска, потрошувачите во оваа земја можат да очекуваат конкурентни цени, стабилност и безбедна испорака на оваа услуга. Тие очекуваат во следните три години да преземат околу 10% од вкупниот хрватски пазар на електрична енергија.