Фото: Pixabay
Технолошкиот гигант Google во следните пет години ќе донира една милијарда долари за развој на технолошко образование, јавува CNN. Парите ќе бидат доделени како грантови на непрофитни организации низ светот специјализирани за решавање на проблеми во образованието и технологијата.
Компанијата стартува и нова програма наречена Grow with Google, наменета за бесплатни обуки за работа на луѓето во САД.
Во рамки на донацијата, нова веб страна google.com/grow, ќе понуди бесплатен онлајн тренинг за основи на информатички технологии, а ќе има и програми што ќе ги учат луѓето да кодираат. Новиот веб сајт ќе понуди различни програми за студенти, професори, локални бизниси, стартапи, баратели на работа и програмери.
За остварување на оваа цел, Google ќе соработува со компаниите за онлајн образование Coursera и Udacity.