Google го менува начинот на кој ги претставува своите уреди, а по тизерот за мобилните телефони Pixel 7 и Pixel 7 Pro објавени во мај, сега пристигна и тизерот за Pixel Watch.
Паметниот часовник од Google ќе пристигне на 6 октомври, а објавениот официјален тизер го открива неговиот изглед од сите агли и во сите бои во кои ќе биде достапен.
По овој клип, единствената мистерија е големината на кружниот раб. Дизајнот е доста уникатен и привлечен, но огромниот раб (рамка) би можел значително да го расипе дизајнот.
Што се однесува до нараквицата, таа изгледа модерно, но е „инспирирана“ од дизајнот на Apple.
Се шпекулира дека Pixel Watch ќе чини помеѓу 250 и 350 евра со Wi-Fi и Bluetooth поврзување, или околу 400 долари со LTE функционалност.
Презентацијата на паметниот часовник е закажана за 6 октомври.