Горивата и оваа недела по исти цени

50

Цените на бензините и дизел горивото оваа недела ќе останат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Па така и оваа недела литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 60 денари, а Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 62 денари за литар. Нема промени ниту кај дизел горивата, па така и во следните седум дена Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 52,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 52 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,412 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 26,121 ден/кг.

Фото: Freepik