Фото: Pixabay
Од компанијата Макпетрол информираат за новите малопродажни цени на нафтените деривати, што ќе важат на нивните бензински станици, почнувајќи од денеска.
Бензинот Ultra 95 Economy поскапува за еден денар и ќе чини 72 денари за литар, додека новата цена на Ultra 100 race pro, исто така поскапува за денар, па ќе се продава по 74 денари.
И дизел горивата поскапуваат за два денари, па новите цени на Ultra diesel green power и на Ultra diesel bio power ќе бидат 66, односно 67 денари за литар.
Екстра лесното масло поскапува за половина денар и новата цена ќе биде 54,50 денари за литар.
Поскапувањето, како што се наведува во соопштението, е поради зголемување на цената на нафтените деривати на светските берзи.