Горивата поскапуваат

116

Бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според тоа, еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 66 денари, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 68 денари. Новата цена на дизелот Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 58 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство новата цена му е 46,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,246 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.02.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,140 ден/кг.

Фото: Pixabay