Цените на горивата од ноќеска поскапуваат од 2,50 до 3,50 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Еуросупер БС – 95 се зголемува за три денари за литар и ќе изнесува 62 денари. Најголем пораст на цената од 3,50 денари има кај Еуросупер БС – 98, по што новата цена ќе биде 64 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит и ќе чини 51 денар за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит и ќе чини 39,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,174 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 26.01.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,456 ден/кг.