Горивата поскапуваат за два денари

41

benzin-tece-pumpa

Бензините и дизел горивото од полноќ поскапуваат за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 66,50 денари, додека еден литар Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 68,50 денари. Дизел горивото ќе се продава по нова цена од 53,50 денари за литар, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) ќе биде 42 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,076 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.12.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,109 ден/кг.