Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 72 денари за литар, додека на Еуросупер БС – 98 ќе биде 74 денари. Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по цена од 57,50 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит и ќе чини 46,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,711 ден/кг, по што новата цена ќе биде 29,639 ден/кг.