Градежна иновација: Бетонска фасада со соларни панели

122

Фото: Pexels

Компанијата за градежни материјали, LafargeHolcim, заедно со фирмата за електроника, HeliaFilm, работат на бетонска фасада што би можела да апсорбира сончева енергија, пишува Dezeen.

Бетонот се комбинира со флексибилен соларен панел, под името Heliatek, чија дебелина е само еден милиметар.

Ваквата градежна иновација би имала поголема ефикасност и поголем потенцијал двојно да се зголеми енергијата што една градба може да ја постигне со традиционалните соларни панели поставени на покривите, бидејќи фасадите заземаат поголема површина.

Иноваторите сметаат дека една десеткатница 60% покриена со овој вид на фасада ќе може да генерира околу 30% од годишните потреби за енергија.