Грција ќе обезбеди таканаречено економско државјанство на сите оние кои ќе сакаат да платат 100.000 евра и да инвестираат 500.000 евра во земјата, пишува Bloomberg.
Освен “членарина“ и инвестиција во првите три години, странците ќе мора да платат по 20.000 евра за секој член од семејството и да престојуваат во земјата 183 дена.
Инвеститорите кои, преку програмата non -dom, во Грција ќе вложат 1,5 милиони евра, плаќањето на престој би им се намалило на половина. Инвестиција пак од три милиони евра би значела дека грчкиот, односно европскиот пасош би чинел 25.000 наместо 100.000.
Планот на земјата е да се поттикнат инвестиции во технолошкиот сектор, да се отворат нови работни места и да се привлечат што повеќе интелектуалци со цел да се спречи одлевање на мозоци.
Фото: Pixabay