Грешка на вештачката интелигенција го чинеше Google 100 милијарди долари

179

Само неколку дена откако го презентираше својот одговор на ChatGP, Google доживеа критики, кои ја чинат нивната матична компанија Alphabet дури 100 милијарди долари пазарна вредност, пишува BBC.

Bard беше претставен на почетокот на оваа недела и беше снимено кратко промотивно видео, на кое се гледа како вештачката интелигенција одговара на прашањето „Што да му се каже на деветгодишно дете за откритијата на телескопот James Webb“.

Проблемот е во тоа што одговорот беше погрешен.

Bard одговорил дека James Webb е првиот телескоп кој снимил планети надвор од Сончевиот Систем, а всушност тоа го направил Европскиот екстремно голем телескоп во 2004 година. Оваа грешка набргу ја укажаа астрономите на Twitter.

„Зошто не го проверивте овој факт пред да го објавите? Ако го користите Google за да ги пребарате податоците, ќе видите дека Bard погрешил“, напиша , Крис Харисон, професор од Универзитетот Њукасл.

Цените на акциите на компанијата сопственик на Google, Alphabet, паднаа за седум отсто, намалувајќи ја пазарната вредност на компанијата за 100 милијарди долари.

„Грешката ја покажува важноста на ригорозниот процес на тестирање, кој ќе го започнеме оваа недела. Ќе ги комбинираме надворешните повратни информации со нашето сопствено тестирање за да се увериме дека Bard е високо рангиран според квалитетот, безбедноста и комплетноста на информациите од реалниот свет“, рекоа од Google.

Фото: facebook