Гугл изгуби жалба против ЕУ, мора да плати казна од над 4 милијарди евра

88

Гугл, дел од Алфабет, доживеа втор удар за помалку од една година откако судот на Европската Унија се сложи со европскиот регулатор дека компанијата ја злоупотребила својата доминација, но казната е намалена за пет отсто.

Гугл ја изгуби жалбата на одлуката од минатата година дека мора да плати 2,42 милијарди евра, во првиот од трите поврзани случаи.

„Судот ја потврдува одлуката на Европската комисија дека Гугл вовел незаконски ограничувања за произведувачите на мобилни телефони со системот Андроид и операторите на мобилни мрежи за да обезбеди доминантна позиција на својот пребарувач на пазарот“, заклучи судот.

Но, казната ја намали за 5 отсто, на 4,125 милијарди евра, инаку Гугл ќе требаше да плати 4,34 милијарди евра. Пресудата е ветер во грбот на европската комесрка Маргрете Вестагер откако претходно оваа година доживеа два неуспеси во случаите кои се однесуваат на технолошките џинови Интел и Квалком.

Комесарката за заштита на пазарната конкуренција им се нафрли на технолошките компании за да обезбеди чесен пазарен натпревар на заедничкиот пазар на 27 членки на ЕУ.

Страните можат да се жалат на одлуката на највисокиот Европски суд на правдата.