Фото: Pixabay
Гвајана, сместена во јужна Америка, е втора најсиромашна земја. Но, поради тоа што неодамна е откриено наоѓалиште со нафта, би можела да се катапултира меѓу најбогатите земји не само на тој континент, туку и пошироко, пишува BBC.
“Многу луѓе не сфаќаат колку е ова голема работа. До 2025 година, бруто домашниот производ би можел да порасне меѓу 300% и 1.000%. Може да стане најбогата земја во јужната хемисфера, а потенцијално и најбогата во светот“, рече во една прилика американскиот амбасадор во Гвајана, Пери Холовеј.
Минатата година, ExxonMobil откри залихи од над 5,5 милијарди барели нафта во близина на крајбрежјето на Гвајана, во делот на Атланскиот океан што припаѓа на територијалните води на оваа земја. Поради тоа, Гвајана, каде што живеат 750.000 луѓе, би можела да прерасне во една од најбогатите земји во светот.