H&M затвора 170 продавници низ светот

138

Голем број модни брендови беа присилени да стават клуч на врата на своите продавници, а меѓу нив е и компанијата H&M, којашто имаше 50% пад на продажбата во текот на првото тримесечје.

На почетокот планираа да затворат 130 продавници, но плановите се променија, затоа што продажбата и натаму паѓа, па сега и бројот на затворање продавници се зголеми, пишува Good Morning America.

“Ковид-19 продолжува да влијае на луѓето, заедниците и комапниите ширум светот. Нашите вработени се многу упорни во ова предизвикувачко време. Нивната сигурност и сигурноста на нашите купувачи останува наш најголем приоритет и нашите продавници ги отворивме во согласност со одлуките на властите“, изјави извршната директорка на H&M Хелена Хелмерсон.

Пред пандемијата од коронавирус да го погоди целиот свет, брендот H&M постигна добри резултати, вели таа.

“Тоа е резултат на долгогодишните инвестиции за да создадеме најдобра понуда за нашите купувачи и да направиме дигитален исчекор во индустријата. Но, се бориме против негативните ефекти од коронавирусот и сигурна сум дека од кризата ќе излеземе посилни“, порача Хелмерсон.

Иако нето продажбата е намалена, дојде до зголемување на интернет продажбата на модниот гигант за 36 %, а компанијата објави дека ќе дојде до напредок затоа што поголем фокус ќе се стави на е-трговијата.

Фото: Facebook