Халк Осигурување доделува по еден бесплатен тест за КОВИД-19 на сите корисници на полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување

274

Халк Осигурување АД одлучи на веќе постојните корисници на полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување и сите нови кои ќе ја земат оваа полиса, да им додели по еден бесплатен тест за детекција на КОВИД-19 во приватните болници со кои има склучено договор.

Полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување (ДПЗО) на Халк Осигурување претставува дополнување на основното задолжително здравствено осигурување и е достапна за сите граѓани на Република Македонија кои се заинтересирани за обезбедување на надстандардно лекување и покривање на трошоците за здравствени услуги коишто не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување.

“Во ситуација кога сите сме погодени од пандемијата на КОВИД-19 во земјата, но и во светот, компаниите се ставени пред предизвик на кој начин можат да им помогнат на граѓаните во справувањето со оваа криза. Веруваме дека со овој чин ќе придонесеме во заедничките напори на граѓаните, здравствениот систем и воопшто целата заедница за што поуспешно справување со актуелната ситуација“, вели извршниот член на Одборот на директори, Суат Инан.

“Здравјето на нашите осигуреници е на прво место, и токму затоа, Халк Осигурување одлучи да им излезе во пресрет на сите нови и постојни корисници на полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување со тоа што ќе им обезбеди по еден бесплатен тест за КОВИД-19 во лабораториите на приватните болници со кои имаме склучено договор“, изјави г-дин Славчо Таушанов, извршен директор на Халк Осигурување.

Со Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување, како што се наведува, се обезбедува повисок стандард на здравствените услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување, вклучувајќи ги трошоците за покривање на здравствени услуги користени во дополнителната дејност, како и за користење на здравствени услуги во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи и кај правни лица кои вршат изработка, издавање и сервисирање на ортопедски помагала.

Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување се одликува со најконкурентни цени на пазарот, формирани согласно потребите и барањата од осигурениците. Исплатата на трошоците за лекување кон приватните здравствени установи со кои Халк Осигурување има склучено договор е директна, а при тоа во полисата вклучени се хронични болести, заболувања и состојби, како и ризик при породување со дополнителни трошоци за здравствена заштита на трудница. Со оваа осигурителна полиса се нуди можност за склучување на индивидуално, семејно или колективно осигурување и можност за вклучување на новороденче. Вклучувањето на членови на семејството во колективната полиса е под исти услови, а на располагање се достапни и попусти при склучување на колективни осигурувања, како и дополнителен поволности при склучување на други видови на осигурување во оваа компанија.

Од Халк Осигурување велат дека сите подетални информации поврзани со полисата за ДПЗО и можноста за добивање на бесплатното тестирање за КОВИД-19, граѓаните можат да ги добијат во нивниот Контакт центар на (02) 155 66 и на https://www.halkinsurance.com.mk/dpzo.html, а воедно им посакуваат добро здравје и што полесно справување со ситуацијата предизвикана од КОВИД-19.