Holiday Inn ги отстранува малечките шампони и сапуни од своите хотели

209

Минијатурните шишенца со шампон, гел за туширање и слично ќе бидат отстранети од хотелите коишто се под раководство на групацијата InterContinental Hotels Group (IHG), вклучувајќи ги и Holiday Inn.

Овој чекор, како што информираат оттаму, е поради заштита на околината, односно елиминирање на пластиката.

IHG е прв глобален хотелски бренд што се одлучи на ваков чекор, пишува BBC.

Сопственикот на ланецот хотели Holiday Inn и Crowne Plaza, чиешто седиште е во Велика Британија, се обврза да ги отстрани сите вакви малечки шишенца од 843.000 хотелски соби до 2021 година.

Процесот е веќе започнат во третина од капацитетите на групацијата.

Промената вклучува заменување на малечките шишиња со големи еколошки пакувања. IHG склучи и партнерство со фирмата за вештачка интелигенција Winnow за да го детектира отпадот од храна во некои од своите хотели.

Фото: Pixabay