Од Блискиот Исток доаѓа уште еден нов светски тренд. Хотелиерите се повеќе се здружуваат со големи шопинг центри, со цел да изградат трговски центри во внатрешноста на големите луксузни хотели.
Така, откако ќе прошетаат по светкавите мермерни ходници низ големите шопинг центри во Дубаи, посетителите не мора да чекаат такси или било како превоз до нивните хотели, туку само да се качат неколку ката погоре или да свртат позади некој бутик.
Веќе постојат вакви хотели-шопинг центри, а тоа се Sheraton Dubai Mall и Address Dubai Mall. Тие двата се директно поврзани со најголемиот трговски центар во Обединитите Арапски Емирати Dubai Mall.
Хотелот-шопинг центар Kempinski е исто така поврзан со големиот трговски центар во Емиратите.
Отворањето на еден од најочекуваните хотел – трговски центар, Yas Mall е закажано за 2014 година. Вториот по големина шопинг центар во ОАЕ исто така ќе стане дом на седум хотели вклучувајќи го и хотелот Viceroy.