Хрватското министерство за туризам со доделување на бесповратни средства преку програмата Конкурентност на туристичкото стопанство, со нешто преку 600.000 евра финансира 74 проекти за развој на посебен облик на туризам.
Меѓу нив се седум тематски паркови (водени паркови, адреналински, научно – технолошки), четири полуподморници за разгледување на подморјето, проекти за развој на outdoor активности, како што се велосипедизам, уредување на аквариуми, брендирање на остатоци од стари бородови, набљудување на делфини, осмислување на волонтерски туризам, фото сафари на Неретва и друго, како и изградба на 15 пловечки хотели, пишува Бизнис.хр.
Министерството за туризам преку оваа програма, во 2014 година го поддржа туризмот со бесповратни 3,5 милиони евра, кофинансирајќи проекти насочени кон збогатување на туристичката понуда, создавање иновативни туристички производи, зголемување на вработеноста и унапредување на меѓународната туристичка препознатливост.