Хрватска фирма извезува искористено масло за јадење во ЕУ за биодизел

38

bio

Во индустриската зона Поди кај Шибеник, Хрватска, отворен е погон на фирмата Био уље, која собира отпадно, односно искористено масло за јадење. Маслото го собираат од цела Далмација, го прочистуваат, складираат и потоа го извезуваат во земјите од Европската унија, најмногу Австрија, каде се користи како сировина за производство на биодизел, пишува Слободна Далмација.

Фирмата е во мнозинска полска сопственост, односно 90% се во рацете на полски претприемач чија фирма има околу 400 вработени и работи, односно собира искористено масло и во други земји од ЕУ. Останатите 10% се во хрватска сопственост.

Инвестицијата е во вредност од околу 200.000 евра.