Компанија за веб дизајн ја напуштила Хрватска поради незадоволството од бирократијата во земјата и решила тоа да им го стави до знаење на сите. Кога некој ќе се обиде да ги контактира по електронска пошта, автоматски добива одговор во кој пишува:
“Почитувани, фирмата *** мигрираше во Велика Британија. Поради нашата бирократија и системот во Хрватска, се преселивме во Британија. Побарајте друга фирма за веб дизајн. We are now in UK. See you maybe one day. Thanks. Ви благодариме”.
Текстот го објави Пословни дневник, а името на компанијата, како што пишува, и е познато на редакцијата на весникот.