Хрватска: Месна индустрија планира да го преземе Краш

266

Хрватската месна индустрија браќа Пивац планира да ја преземе познатата кондиторска компанија Краш, јавуваат хрватските медиуми.

Пивац започна преговори со Краш со цел воспоставување однос на заедничко преземање на акциите на Краш.

Месната индустрија во овој момент е најголем поединечен акционер во Краш со 460.522 акции или 30,73% удел, додека Краш ЕСОП држи 276.441 акција или 18,45% удел. Заедно, двата удела на компаниите изнесува 49,18%.

“Пред крајот на исклучително важен, опсежен и успешен инвестициски циклус во Месната индустрија браќа Пивац, PPK месна индустрија од Карловац и месна индустрија Vajda од Чаковец, во рамки на групацијата Пивац, се стекнати услови за продолжување на вложувањата во домашната прехранбена индустрија и Краш како најголема кондиторска фабрика на ова подрачје“, велат од браќа Пивац.

Фото: Facebook