Хрватска за летување поскапа од Шпанија, Грција и Италија

42

Dubrovnik-CroatiaПо 50.000 руски туристи изгубени минатата година поради воведувањето на визи, хрватскиот туризам би можел годинава да претрпи нови удари од Русија. Моменталното побарување за летување во Хрватска на тамошниот туристички пазар заостанува до 30%, пишува Вечерњи лист.

Русите сочинуваат 1,5% од гостите во оваа земја и познати се како добри потрошувачи. Но, споредбите на цени со конкурентските земји покажуваат дека за руските гости, хотелското сместување, рестораните, кафулињата, продавниците… во Хрватска се за 10% до 12% поскапи отколку, на пример, во Шпанија. За разлика од Грција, Хрватска е поскапа 18%, а 5% е поскапа дури и од Италија, анализира Вечерњи.