Hyundai развива возило за истражување на Месечината

47

Hyundai Motor Group го проширува својот вселенски бизнис и го најавува почетокот на развојот на производството на возила на Месечината, соопшти во четвртокот автомобилскиот гигант.

Групата објави дека во соработка со домашните истражувачки институти почнала да развива модел на лунарен ровер, пишува Korea Times.

Автомобилската компанија истакна дека нејзината иницијатива за развој на лунарен ровер има за цел да придонесе за развој на научно истражување во вселенскиот сектор на Јужна Кореја.

Започнувајќи со развојот на овој почетен модел, Hyundai Motor Group планира континуирано да ја подобрува технологијата со цел да има производ кој всушност ќе може да ја истражува површината на Месечината до 2027 година.