Hyundai го претстави својот Tiger концепт којшто е опишан како нивното прво ултимативно мобилно возило без екипаж, наменето за секаков вид на задачи.
Корејската компанија Hyundai се насочува кон не толку далечната иднина со својот најнов проект, наречен Tiger X-1 Ultimate Mobility Vehicle. Возилото е дизајнирано од страна на New Horizons Studio во соработка со софтверските и дизајнерски експерти од Autodesk и Sundberg-Gerrar.
Како акроним за Transforming Intelligent Ground Excursion Robot, Hyundai Tiger е развиен од страна на New Horizons Studio на корејската компанија и е дизајнирано да пренесе секаков вид на товар преку најпредизвикувачките терени. Концептот е базиран на модуларна платформа и се карактеризира со товарен простор кој е вграден во неговата каросерија. Ова му овозможува на Tiger да пренесува се, почнувајќи од залихи за итни случаи, до пакети за достава.
Она што го прави Hyundai Tiger интересен е “софистицираниот leg and wheel локомотивен систем“ кој му овозможува на концептот да се подигне и да „оди“ преку пречки додека го одржува својот товар „многу порамномерно во однос на типичните копнени возила“. Оваа карактеристика претходно беше прикажана кај Hyundai Elevate концептот кој дебитираше на CES во 2019 година. Сепак, Tiger е мало возило без екипаж, додека Elevate е сосема спротивно од тоа. Концептот се карактеризира и со осум 360-степени ултрасонични сензори, осум камерни низи, GPS и 4G конективност. Тука се и двата пенетрирачки радарски панели за истражување.
Hyundai не открива многу спецификации, но истакна дека Tiger може да биде опремен со различни каросериски изведби за “уникатни апликации како што е достава на товар или надзор на локации кои не се достапни за луѓе“. Концептот има погон на сите тркала, 360-степена насочена контрола и е дизајниран да може да се спои со воздушно возило без екипаж кое може да го остави на далечни и непристапни локации. Кога веќе станува збор за тоа, Hyundai истакна дека концептот би можел да се користи за истражување на месечината или други планети.
Преземено од Avtoplus.mk