И Amazon достигна вредност од еден трилион долари

22

Amazon стана втората компанија во САД што ја надмина вредноста од еден трилион долари, само неколку недели откако технолошкиот гигант Apple беше прв што го постигнал овој рекорд.

Достигнувањето не беше сосема неочекувано со оглед на тоа што вредноста на компанијата се зголеми повеќе од двојно мината година, пишува Independent.

Во своето 24 годишно постоење Amazon оствари значителен профит благодарение на зголемената побарувачка од онлајн шопинг. Компанијата секоја година генерира 178 милијарди приходи.

Денес освен пазар за онлајн купување гигантот е и телевизиски и филмски продуцент, издавач на електронски книги и центар за облак складирање.

Amazon моментално вработува 600.000 луѓе.

Фото: Facebook