Ikea започнува со продажба на соларни панели

153

solar

Фото: Ikea

Шведската компанија за производство на мебел Ikea соопшти дека ќе започне со продажба на батерии за кровни соларни панели и соларни панели со коишто корисниците би можеле да заштедат стотици фунти од сметките за електрична енергија.

Технологиите за складирање кои им овозможуваат на корисниците да ја користат електричната енергија создадена од кровни соларни панели кога нема сонце во минатото беа скапи, но компанијата соопшти дека нејзиниот нов производ може да донесе заштеда од 560 фунти на секое домаќинство, споредено со традиционалното снабдување. Користењето на соларни панели без складирање може да заштеди 380 фунти.

Новиот систем Solar Battery Storage, Ikea го произведува во партнерство со соларната компанија Solarcentury. Дизајниран да работи со веќе поставените соларни панели или како дел на ново комбинираните соларни плочи Solar Battery Storage, на потрошувачите ќе им овозможи заштеда на сметките и користење на повеќе електрична енергија генерирана од соларните панели.