Серискиот претприемач Илон Маск, кој е еден најуспешните бизнисмени во светот, има помалку ексцентрични размислувања во врска со работењето.
Тој тврди дека успехот може да се постигне ако … не се земаат одмори. Маск дури има изјавено дека “одморот може да убие“.
За да ги изгради своите стартапи генијалецот морал да работи повеќе од 100 часа неделно, пишува CNBC.
Еден од многуте примери за претерано работење е кога лани преспал на подот во фабриката Tesla за да биде тука додека се изработувал еден од најпознатите електрични автомобили денес Model 3.
Милијардерот едноставно вели дека понекогаш нема време да оди дома и да се истушира. Додава и дека кога се обидел да оди на одмор секогаш се случувало нешто лошо на приватен или професионален план.
Токму затоа Илон Маск останува доследен на напорната работа која што трае повеќе од 20 години и вели дека подобро би работел нон стоп отколку да “ризикува со одморот“.
Фото: Facebook