Илон Маск се закани дека ќе го тужи Мајкрософт

34

Шефот на „Твитер“, Илон Маск, се закани дека ќе го тужи „Мајкрософт“ бидејќи го обвини технолошкиот гигант дека без дозвола ги користи податоците од неговата компанија за социјални медиуми.

„Тие одиграа незаконски користејќи податоци на Твитер. Време е за тужба“, напиша мултимилијардерот во „твитот“.

Маск реагираше на планот на „Мајкрософт“ да го отстрани „Твитер“ од својата корпоративна платформа за рекламирање.

Тој не даде дополнителни детали или докази за да го поткрепи тврдењето.

Претходно, компанијата објави во соопштението дека нејзината рекламна платформа „повеќе нема да го поддржува Твитер“ од вторник на 25 април.