Арапските земји коишто своето богатство им го должат на наоѓалиштата на нафта, дали би можеле да опстанат доколку утре го снема овој ресурс?
Според извршниот директор на Incestcorp, Хазем Бен Гаџем, заливските земји кои се зависни од нафтата имаат иднина што не се поврзува со фосилните горива. Тој смета дека овие земји ќе можат да се потпрат на индустриите како што се забава и угостителство.
“Постои многу возбудлива иднина на регионот што е зависен од нафта, и тоа во многу други области, како што се забава, угостителство, индустрија, услуги… Мислам дека постои јасен пат за регионот да биде далеку од фосилните горива. Немам сомнеж дека за 15 или 20 години ќе биде импресивно сето она што овој регион успеа да постигне“, вели Бен Гаџем за CNBC.
Запрашан дали е загрижен поради тоа што цената на нафтата е околу 50 долари, тој рекол дека секогаш ќе има проблеми за коишто ќе треба да постои загриженост.
“Без оглед на тоа дали цените на нафтата се ниски или високи, она што е важно е стратегијата и насоката кон иднината“, додава тој.
Инвеститорите се согласни дека овие земји мораат и можат да се ослободат од зависноста од нафта, а во исто време потенцираат дека туризмот би бил главен адут на саудиската економија.
Фото: Pixabay