Индија отвора “кафуле за ѓубре“, што има задача да обезбеди храна за сиромашните граѓани во замена за ѓубре.
Земјата се соочува со висока стапка на сиромашно население, а во исто време и сериозен проблем со пластичниот отпад. Во Индија на дневна основа се произведуваат 26.000 тони пластичен отпад.
Сакајќи да се спојат овие два проблеми и да се најде заедничко решение, во централниот дел на земјата се отвора кафуле, што ќе нуди бесплатен оброк во замена за пластичен отпад. За пола килограм отпад се добива бесплатен појадок, а за килограм ѓубре цел оброк.
Во Индија се активни повеќе иницијативи и проекти за искористување на огромните количини пластичен отпад.
Фото: Pixabay