Информативна сесија за Националната награда за најдобри одговорни практики

40

Популаризирање на наградата за општествено одговорни практики пред македонските претпријатија кои првпат аплицираат и информирање како можат преку неа да ги промовираат своите општествено одговорни активности, беше фокусот на конференцијата за потенцијални апликанти за Националната награда за најдобри одговорни практики за 2013 година.

Македонските компании беа информирани како можат да се стекнат со признанија од пошироката општествена заедница во земјава, но и меѓународно.

“Целта на денешната сесија е да се информираат македонските претпријатија за седмиот по ред конкурс на Министерството за економија и на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата за Националната награда за општествено одговорни практики на македонските претпријатија“, изјави Александар Николов, претседателот на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата пред почетокот на конференцијата.

Тој посочи дека станува збор за награда која е веќе призната надвор од Македонија.