Инвеститори од Катар заинтересирани за изградба на хотелски комплекс во Црна Гора

36

Toshiba Digital CameraКатарска компанија е заинтересирана за изградба на повеќенаменски угостителско – туристички комплекс на плажата Буљарица, Црна Гора. Компанијата Construction development company international во следните 10 години планира да гради околу 40.000 единици во различни објекти, 10 до 12 хотели со кои би управувале меѓународни хотелски оператори од највисок ранг, вили, апартмани, марини, спортски, културни – забавни и други содржини, пишува Seebiz.

Црногорската влада ја стави Буљарица во локалитети кои ќе бидат валоризирани преку јавен тендер. Откако ќе биде подготвена сета документација, ќе следува тендер кој би требало да обезбеди стратешки партнер што ќе ја гради Буљарица. Централниот комплекс земјиште зафаќа вкупна површина од 6,3 милиони квадрати. Во сопственост на државата се околу четири милиони квадрати, додека остатокот е во приватна сопственост.