Иако iOS 16 само што пристигна, Apple веќе откри детали за тоа што е следно за овој оперативен систем.
Станува збор за функцијата наречена Clean Energy Charging, која компанијата ќе ја понуди на корисниците во САД нешто подоцна оваа година како дел од ажурирањето. Оваа функција ќе го оптимизира времето на полнење за периодот кога електричната мрежа користи поодржливи извори на енергија.
Apple вели дека целта е да се намали јаглеродниот отпечаток на iPhone.
Оваа функција ја надополнува опцијата Optimizing Battery Charging која Apple ја воведе пред неколку години за да го максимизира „здравјето“ на батеријата. Со активирање на оваа поставка, iPhone ја „учи“ дневната рутина за полнење и го ограничува полнењето на батеријата на 80 проценти до моментот кога корисникот ќе почне повторно да го користи својот iPhone или Mac уред, кој исто така ја има истата функција.